Начин на подготовка:
Безглутенските макарони најпрвин ги вариме.
За подготовка на сосот во блендер ги ставаме индиските ореви, свежиот босилок, маслото од сусам, зеленчуковиот зачин и лукот во прав. Блендираме неколку минути дури не добиеме густа и хомогена смеса. Потоа ставаме од сосот врз претходно сварените макарони и одозгора додаваме ситно сечкани домати.