Се конзумираат со млеко или јогурт и се здрав избор на појадок за хранлив здрав оброк за за сите генерации, деца, тинејџери, млади, возрасни, спортисти, трудници и за сите оние кои се грижат за своето здравје.
Гранола Мусли | Мед и Бадем
128.00 ден
Гранола муслите со мед и бадем претставуваат оригинална мешавина од овесни снегулки, бадеми и мед, засладени со нерафиниран кафеав шеќер. Високиот процент на овесни снегулки ги прави Гранола муслите значаен извор на диетални влакна кои благопријатно делуваат на цревната микрофлора и дигестивниот тракт. Присуството на железо и Б витамини ги прави Гранола муслите со мед и бадем добро избалансирана здрава храна со високи нутритивни вредности.
Тежина |
350 g |
---|
Поврзани продукти
Мусли | Take-Away | Чоколадо
Овесна Каша | Take-Away | Малина
Кранчи Мусли | Take-Away | Банана и Чоколадо
Киноа Семиња
Киноа снегулки содржат ниска количина на калории, маснотии и немаат холестерол. Тие се одличен извор на растителни протеини и диетални влакна. Една третина од киноа снегулка обезбедува околу 130 калории и само два грама масти, и, како и сите природни вегански јадења, тие се целосно без холестерол. Киноа снегулки, исто така, обезбедуваат здрава количина на диететски влакна - околу 2,5 грама на 1/3 чаша, и 4,3 грама протеини. Како и киноа зрното, киноа снегулки се одличен извор на протеини, особено за вегетаријанци и вегани.
Корнфлекс | Без Додаден Шеќер
Кранчи Мусли | Јаболко и Лешник
Виталиа крцкавите мусли претставуваат добро избалансирана здрава храна со извонреден вкус и арома. Произведени според оригинален рецепт од најквалитетно овошје, житни снегулки и лешник. Го снабдуваат организмот со неопходните јаглехидрати и даваат енергија за активен ден. Ви го препорачуваме како здрав и вкусен оброк во текот на целиот ден.
Регуларни Мусли | Класик
Спој на житарки, семиња и овошки за балансиран макронутритивен внес од самиот почеток на денот. Класик муслите на Виталиа изобилуваат со растителни влакна за пријатно чувство во стомакот. Секоја состојка е внимателно одбрана со единствен бенефит за балансирано здравје. Семињата вклопени како одличен извор на незаситени масти ја ослободуваат енергијата потребна за нормална функција во целодневните активности.
Регуларни Мусли | Шумско Овошје
Муслите со шуско овошје претставуваат уникатен спој од лиофилизирани овошки и целозрнести житарки. Овесните снегулки како главен извор на растителни влакна во овие мусли овозможуваат оброк кој ќе ве држи сити во следните неколку часа. Крцкав вкус од печени мусли за љубителите од самиот почеток на денот.