Тропикал муслите претставуваат добро избалансирана здрава храна со извонреден вкус и арома. Произведени според оригинален рецепт од квалитетно овошје и житни снегулки. Тропикал муслите ги спојуваат плодовите на сонцето. Претставуваат оригинална мешавина на жита (овесни, р’жени и пченични), 35% егзотично тропско овошје: ананас, папаја, манго, урма, банана, кокос и суво грозје кои ви даваат тропска топлина секое ваше утро и 5% семки од лен и сончоглед.
За нашите потрошувачи го одбравме најквалитетното тропско овошје од еколошките предели на Тајван кој го надополнуваат оброкот со природни витамини и минерали, дозволувајќи ви за миг да ги почувствувате тропските предели на Далечниот Исток.
- Ананасот содржи: калциум, провитамин А, витамин Е и Ц, витамини од групата Б (биотин), растителни влакна.
- Папајата содржи: Витамини: А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, минерали: калциум, калиум.
- Мангото е богато со аминокиселини витамини Ц и Е, флавоноиди, бета каротен.
- Урмите содржат: Калциум, фосфор.
- Бананата содржи: Б6, магнезиум, железо, калиум, Ц витамин.
- Кокосот е богат со диетални влакна, има низок гликемиски индекс, извор на калциум и магнезиум, тиамин, и витамин Б6.
- Грозјето изобилува со растителни влакна, калциум и железо.
- Мешавината од семиња од лен и сончоглед природно е богата со диетални влакна, железо, витамин Б1, калциум, магнезиум и фосфор.
Тропикал муслите се лесен и брз оброк и немаат додаток на шеќер.
Создадете здрава навика денот да ви започне со оброк од мусли (комбинација на житни снегулки, овошје и семиња) кои потопени во млеко ќе ви обезбедат здрав и лесен оброк полн со енергија.