Начин на подготовка:
Во зовриена вода се ставаат фусилите да се варат 10-12 минути. Во меѓувреме, се подготвува сосот. На маслиново масло во тефлонска тава се пропржува кромидот, ситно сецкан. Потоа се додаваат и маслинките и туната.По 4-5 минути, се додава и доматниот сос и се остава сосот 5-6 минути на тивок оган да се добие посакуваната густина.
Сварените фусили се додаваат во сосот и добро се мешаат. Се сервираат со пармезан, ситно сецкан босилек (по желба) и пармезан.
Пријатен апетит!