Начин на подготовка:
Најпрвин во длабок сад со миксер ги матиме јајцата, млекото и кафеавиот шеќер, потоа го додаваме маслиновото масло и продолжуваме со мешање. На крај го додаваме брашното, овесните снегулки и прашокот за пециво и пак миксираме.
Садот во кој ќе го печете колачот попрскајте го со маслиново масло и истурете ја смесата. Одозгора ги ставаме ситно сечканите јагоди и печеме 25 минути на 180°С.