Кранчи Mусли | Јаболко и Лешник
Виталиа крцкавите мусли претставуваат добро избалансирана здрава храна со извонреден вкус и арома. Произведени според оригинален рецепт од најквалитетно овошје, житни снегулки и лешник. Го снабдуваат организмот со неопходните јаглехидрати и даваат енергија за активен ден. Ви го препорачуваме како здрав и вкусен оброк во текот на целиот ден.
Кранчи Мусли | Јагода и Чоколадо
Кранчи Мусли | Јагода и Чоколадо
Кранчи муслите претставуваат природен извор на важни хранливи материи и идеален извор на енергија за активен ден. Совршено се комбинираат со млеко или јогурт, обезбедуваат лесен и вкусен оброк. Нов вкус на вашите омилени крцкави мусли! Слатка и здрава комбинација од незаменливата јагода збогатена со неодоливиот вкус на чоколадото. Кранчи муслите содржат изобилство на овесни снегулки, кои се богати со растителни влакна, витамини и минерали.
Кранчи Мусли | Капина и Малина
Кранчи Мусли | Капина и Малина
Кранчи Мусли | Темно Чоколадо и Чиа
Кранчи мусли со темно чоколадо и чиа се супер вкусна и здрава комбинација од кркави житарици, семе од чиа, темно чоколадо, зебра стапчиња и чоколаден корнфлекс , засладени со кафеав шеќер за исклучително и единствено уживање. Произведени по оригинален рецепт од најквалитетните состојки претставуваат добро избалансирана здрава храна со извонреден нутритивен профил кој е резултат на семето од чиа.
Регуларни Мусли | Појадок Микс
Регуларни Мусли | Појадок Микс
Ви препорачуваме да создадете здрава навика и денот да ви започне со оброк од мусли (комбинација на житни снегулки и овошје) кои потопени со млеко ќе ви обезбедат здрав и лесен оброк полн со енергија. Токму затоа Муслите за појадок на Виталиа не се само обична мешавина, туку стручно креирана рецептура од врвни компоненти, за му дадат на организмот богата здрава основа за старт на денот.
Регуларни Мусли | Класик
Спој на житарки, семиња и овошки за балансиран макронутритивен внес од самиот почеток на денот. Класик муслите на Виталиа изобилуваат со растителни влакна за пријатно чувство во стомакот. Секоја состојка е внимателно одбрана со единствен бенефит за балансирано здравје. Семињата вклопени како одличен извор на незаситени масти ја ослободуваат енергијата потребна за нормална функција во целодневните активности.
Регуларни Мусли | Јаткасто Овошје
Регуларни Мусли | Шумско Овошје
Муслите со шуско овошје претставуваат уникатен спој од лиофилизирани овошки и целозрнести житарки. Овесните снегулки како главен извор на растителни влакна во овие мусли овозможуваат оброк кој ќе ве држи сити во следните неколку часа. Крцкав вкус од печени мусли за љубителите од самиот почеток на денот.
Регуларни Мусли | Овошје
Муслите Овошје се мешавина од сушено овошје и содржи 70% житни снегулки и 30% овошје (суво грозје, јаболко, банана, смоква, урма, слива). Одбраните сушени овошја во комбинирација со житните снегулки (овесни, пченкарни, ржани, пченични) претставуваат енергетски богата, и хранливо здрава основа за почеток на секој нов ден.