Сончогледот содржи целулозни влакна, големо количество на витамин А, витамини од Б групата и витамин Е (50мг./100гр.) кој е добар антиоксиданс. Од минерали содржат: калциум, фосфор, магнезиум, натриум, калиум и железо. Во својот состав содржат: 64% полинезаситени масни киселини како што е линолната киселина (омега 6), кои се потребни за раст и обнова на клетките, заштита на организмот од холестерол со намалување и одстранување од артериите; 24% мононезаситени масни киселини кои помагаат да се зголеми добриот ХДЛ холестерол а да се намали лошиот ЛДЛ во крвта; 12% заситени масни киселини кои служат како извор на енергија.