Семето од чиа (salvia hispanica ) e познато уште од времето на древните култури и претставувало значаен извор на енергија на Маите и Инките. Поради извонредните карактеристики на семето Маите го нарекле “Chia” што значи “Сила”.
Семето од чиа е најбогатиот растителен извор на Омега-3 масни киселини ( дури 30%), протеини и моќни антиоксиданси. Ова “супер семе” како што го нарекуваат нутриционистите е одличен извор на есенцијалните минерали a содржи и висок процент од диетални влакна.