Барате нешто брзо, вкусно, здраво а истовремено и практично за појадок? Новите Виталиа овесни каши се подготвуваат за 2 минути со малку млеко, вода или јогурт и многу уживање.
Збогатени со Б витамини, Виталиа овесните каши го снабдуваат организмот со потребните хранливи материи за успешно функционирање на метаболитичките процеси и мозочната функција.
Сакате вкус на карамела? Овесната каша со чиа и карамел е направена со уникатен рецепт без додаден шеќер. Со само 0.3g шеќер по порција, претставува совршен оброк за одржување на телесната тежина.
Карактеристики на производот:
- Без додаден шеќер
- Веган
- 85% интегрални овесни снегулки
- Суперхрана чиа
- Богата со растителни влакна
- Ниско ниво на заситени масти
Предности на чиа семето:
- Повеќе енергија и подобра концентрација
- Богат извор на омега 3 масни киселини
- Богато со калциум
Овесот е житарка со извонредни карактеристики и содржи низа нутриенти кои се значајни за растењето, формирањето и заштитата на човечкиот организам. Интегралните овесни снегулки се богати со протеини, витамини (од Б групата, витамин К,Е, Д и провитамин А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган, натриум) и есенцијални амино киселни. За овесот може да се каже дека е зрно на здравјето и затоа треба да биде дел од вашето секојдвено мени.