Барате нешто брзо, вкусно, здраво и истовремено практично за појадок? Новите овесни каши од Виталиа се подготвуваат за 2 минути со малку млеко, вода или јогурт и многу уживање.
Збогатени со витамини од групата Б, овесните каши Виталиа го снабдуваат организмот со потребните хранливи материи.
Ако сте љубител на чоколадо, пробајте овесна каша од чоколадо Виталиа, вкусна и истовремено здрава.
Карактеристики на производот:
- Посно/Веган
- Збогатена со 8 Б витамини
- 72% овесни снегулки од цело зрно
- Високо количество на растителни влакна
Чоколадните парчиња додаваат прекрасен вкус на чоколадната овесна каша. Какаото, главната состојка на чоколадото, е богато со флавоноиди – природни антиоксиданти кои ги уништуваат слободните радикали во организмот и ја подобруваат виталноста на телото.
Овесот е зрно со неверојатни карактеристики што содржи линија на хранливи материи важни за растот, градењето и заштитата на човечкото тело. Овесот од цели зрна е богат со протеини, витамини (витамини Б, витамини К, Е, Д и провитамин А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган и натриум) и есенцијални аминокиселини.