Благодарение на високата концентрација на минерали и олигоелементи, зелената глина помага во лекување на голем спектар кожни заболувања како акни, мозолки, чирови, рани и исекотини. Може да ја користите и како природен антирид (средство против брчки), за освежување, прочистување, дезинфекција и дезодорирање на кожата.
Маска за лице се подготвува така што 1 лажичка прав од глината се раствара со малку вода за да се добие густа хомогена маса. Потоа се нанесува во рамномерен слој на лице, врат и деколте, па се остава да се исуши. Доколку имате сува кожа додадете неколку капки маслиново масло. Маската извадете ја штом ќе почуствувате дека ви го затега лицето. Направете го тоа со млака вода или со чај од камилица. Потоа намачкајте се со крема.
Ставајте ја оваа маска двапати неделно. Таа ќе Ви ја подмлади кожата, ќе Ви ги израмни брчките, ќе Ви го освежи тенот и ќе го врати неговиот природен сјај. Глината за надворешна употреба на Виталиа е единствена на пазарот. Пробајте ја и уверете се во нејзините делоторни својства!